Коцкањето на квалификациите може скапо да го чини Мерцедес

284

Одлуката на Мерцедес да излезат на ултрасофт во К2 за време на квалификациите тешко дека ќе им се исплати. Тимот се откажа од планот откако не постави најбрзо време и се вратија по хиперсофт гуми за да продолжат во К3 и да не бидат елиминирани на патеката каде квалификациите се клучни.

Луис Хамилтон го постави прашањето дали нивните ривали се адаптирале на гумите за оваа трка и Мерцедес ги остави да се коцкаат како единствен тим без нови ултрасофт.

Тоа значи дека Хамилтон и Ботас ќе мора да ги чуваат гумите за разлика од сите други.

Бевме оптимисти и се надевавме дека ќе се квалификуваме на ултрасофт бидејќи старт на хиперсофт ќе биде тежок, а првиот стинт многу кус.

Видовме дека предна лева гума многу се оштетува, а задните гуми брзо губат перформанси. Сигурно тој што ќе води ќе го одредува темпото многу претпазливо и ќе остане без гуми по неколку кругови. Ова е тешка ситуација доколку сакате да ги избегнете хиперсофт.


Коцкањето на квалификациите може скапо да го чини Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>