Кими: Луѓето направија голема работа од ланската трка

288

Кими Раиконен сака да се докаже годинава откако лани разочарувачки загуби од тимскиот колега, иако беше многу брз во Монако. Финецот освои пол позиција во 2017 година, но промената на гуми ги промени нивните позиции, по што Раиконен финишираше на второ место. Тоа беше прва победа на Скудерија во кнежевството од 2001 година кога победи Михаел Шумахер.

Секако дека не бев среќен и задоволен затоа што сакав да победам. Луѓето се обидоа да направат голема приказна од тоа, иако јас бев вознемирен поради тоа што не победив, но не бев лут нити на Себ нити на екипата.

Среќен бев за екипата поради 1-2 победата, но не ми се допадна што не победив, едноставно. Сум бил на второ место многу пати во кариерата, овој пат пропуштив и ако годинава повторно завршам на второ место, секако дека нема да бидам задоволен – смета Раиконен.

Финецот ја “брка“ својата прва победа од 2013 година, а својата прва победа во Монте Карло од 2005 година.

Овдека викендот е посебен и ви треба малку повеќе самодоверба од вообичаените патеки. Патеката се менува од тренинг сесиите и квалификациите така што треба да ги следите тие промени и да се осигурате дека болидот е онаму каде што сакате за дам оже да притискате кога тоа ќе биде потребно.

Патеката е многу комплексна, тука не се добиваат повеќе поени од другите трки, но јасно е дека предизвикто е огромен секој викенд. Викендот е подолг затоа што во Петок не се вози. Посебно е да комплетирате викенд, да бидете брз и конкурентен и да не завршите во ниту една од бариерите. Најбрзиот нема гарантирано победа затоа што тука може да се случат многу работи – заврши Кими.


Кими: Луѓето направија голема работа од ланската трка

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>