Кими и Естебан меѓусебно се обвинуваат

236

Естебан Окон смета дека Кими Раиконен е целосно виновен за инцидентот од првиот круг кој го чинеше трка, додека финецот не се согласува и ја префрла вината на младиот французин.

Окон и Раиконен имаа контакт во третиот свиок по самиот старт кога возачот на Ферари се обиде да го престигне возачот на Форс Индија од внатрешна страна. Окон притоа се излизга и заврши во заштитниот ѕид. Тоа беше крај за Окон додека Раиконен ја продолжи трката и на крајот стигна до 2то место на подиумот.

Без сомнение французинот смета дека Раиконен е виновен.

Имав одличен старт и успеав да го престигнам во вториот свиок, бев пред него на правецот. Потоа не знам што се случи, најверојатно ги отпушти сопирачките и ме удри – раскажува францускиот возач.

Ова е пропуштена шанса за одличен викенд. Што сакам да му кажам на Кими? Тој не зборува. Тој не е во позиција да биде во Ферари. Тој направи грешка вчера и денеска повторно.

Секако дека Раиконен не се согласува со ова.

Јас бев од внатрешната страна и веројатно не ме виде. Само сврти како да нема никој, но јас бев таму.

Инцидентот е оставен да се разгледа од страна на стјуардите по трката.


Кими и Естебан меѓусебно се обвинуваат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>