Кими демантира дека се враќа на рели

146

Кими Раиконен ги демантира шпекулациите кои тврдена дека по крајот на оваа сезона се враќа во Светскиот рели шампионат и ќе вози за Тојота. Финските медиуми ги почнаа овие шпекулации со оглед на тоа што пред неколку години кога одмараше од Формула 1, Кими се тркаше во таа серија.

Ако зборувате со девојката која го напиша тоа, ќе сватите дека таа нема големо знаење за тркањето. Тоа се само гласини и нечии идеи. Секако дека сум заинтересиран за рели штом престанам со Формула 1 и не е тајна дека немам договор кој треба да го одработам. Луѓето пишуваат секакви работи, но тоа не е мој проблем.

Смешно е што некој ми кажа дека Мика Хакинен го потврдил истото. Искрено, што знаат новинарката и Мика Хакинен за мојот живот? Ништо – изјави Раиконен за RaceFans.

Брзи да ги негираат шпекулациите беа и од јапонска Тојота.

Прв пат слушаме за такво нешто и јасно е дека ако нешто такво се случува, ние ќе бидеме првите што ќе дознаеме. За мене тоа се чисти шпекулации – објасни Кај Линдстром, спортскиот директор на Тојота.


Кими демантира дека се враќа на рели

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>