Карираното знаме се развеа прерано

940

Моделот Вини Харлоу требаше со развејување на карираното знаме да го означи крајот на Големата награда на Канада, но тоа го направи круг порано од тоа што требаше.

Харлоу која е пријателка на Хамилтон го развеа знамето во 69от круг, но Себастијан Ветел преку радиото реагираше, знаејќи дека има уште цел круг. Германецот забележал на мониторите крај патеката што се случува, а тоа што гледал во истите е знак колку “лабаво“ стигнал до оваа победа, па можел да си го дозволи и тоа.

Ова не е прв ваков случај затоа што карираното знаме беше прерано развеано и на Кинеското Гранд При во 2014 година, додека во 2002 година фудбалската легенда Пеле целосно заборави да го развее знамето.


Карираното знаме се развеа прерано

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>