Канада, Т3: Хет-трик за Верстапен во тренинг сесиите

298

Макс Верстапен заврши на првото место на последната тренинг сесија пред квалификациите за Канадското Гранд При, што е хет-трик за возачот на Ред Бул досега викендов.

Верстапен кој беше најбрз во петочните сесии, извозе круг од 1:11.599 со хиперсофт пневматици во последните 13 минути од сесијата. Воедно, го порази Себастијан Ветел за само 0.049 и вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, за 0.051 секунди.

Луис Хамилтон од Мерцедес успеа да извозе само четвртто најбрзо време, во сесија во која Мерцедес не успеаја да го најдат потенцијалот на хиперсофт пневматиците. Хамилтон заостана една десетинка позади Верстапен.

Тимскиот колега на Ред Бул, Даниел Рикардо, ја заврши сесијата на 5 место, со закаснување од половина секунда позади својот помлад тимски колега.

Како Луис Хамилтон, така и Валтери Ботас немаше солидна сесија со хиперсофт пневматиците и ја заврши на 6 место со повеќе од половина секунда задоцнување.

Топ 10 го комплетираа Серхио Перез, Нико Хулкенберг, Роман Гросжан и Стофел Вандорн.


Канада, Т3: Хет-трик за Верстапен во тренинг сесиите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>