Канада, Т2: Верстапен повторно најбрз

271

Макс Верстапен повторно заврши на чело на табелата во вториот слободен тренинг од тркачкиот викенд за Големата Награда на Канада во Монтреал. 

Возачот на Ред Бул користеше сет на хиперсофт пневматици и ја заврши сесијата со минимална предност пред Кими Раиконен од Ферари, кој до средина на сесијата беше набрз. Времето на Верстапен од 1:12.198 беше само 0.130 секунди подобро од финецот.

Времето на Раиконен пак беше исто така поставено со хиперсофт пневматици и доволно добро да го симне Луис Хамилтон од Мерцедес на третото место. Но формата на возачите на Мерцедес не е веродостојна бидејќи ниту Хамилтон, ниту Ботас не возеа на хиперсофт пневматици. Со подем на Даниел Рикардо во завршницата, возачите на Сребрените Стрели мораа да се задоволат со четвртто, односно шесто место.

Но Рикардо самиот ја помина сесијата во тешки околности и мали проблеми во својот болид. По само 4 извозени кругови на почетокот, тој на патеката се врати само во последните 10 минути од сесијата.

Себастијан Ветел ја помина половина од сесијата во боксовите додека неговите механичари работеа на проблем кој се појавил при крајот на Т1. Ветел при излегување на патеката ја изведе својата квалификациска симулација и успеа да го подобри своето време од круг во круг. Најдобро време за германецот беше 1:12.985, доволно за петто место.

Во сесијата имаше еден поголем инцидент кој предизвика црвено знаме и прекин. Карлос Саинз не успеа да го задржи болидот при излезот од свиокот 7 и со задниот дел удри во заштитните бариери. Сесијата ја заврши на 17 место.

Вандорн од Мекларен имаше контакт со ѕидовите при крајот при што мораше да го паркира својот болид покрај патеката, што пак доведе до виртуелно безбедносно возило.


Канада, Т2: Верстапен повторно најбрз

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>