Канада, квалификации: Ветел пребрз за останатите

1181

Себастијан Ветел ја освои својата 4та пол позиција во Канада, а во исто време им ја донесе и 7та пол позиција во Монтреал на Ферари на патека каде италијанците немаат квалификациска победа од 2001 година кога за нив од пол позиција стартуваше Шумахер. Воедно, ова беше 54та пол позиција за германецот, 217та за Ферари. Себ беше најбрз во квалификации во Монтреал од 2011 до 2013 година, но тоа беше со Ред Бул.

Друштво од првиот ред ќе му прави Валтери Ботас, а од позадина ќе ги демнат Макс Верстапен и Луис Хамилтон. Финецот Раиконен 5ти, Рикардо 6ти, Хулкенберг најдобар од останатите.

Сесијата требаше да ја отвори Роман Гросжан од Хаас, но додека излегуваше на патеката од Ферари моторот во неговиот ХААС излегуваше густ чад по што доби инструкции да го запре болидот. Крај на сесијата за французинот, ако воопшто може да се нарече некаква сесија затоа што беше во болидот само неколку секунди.

По првите 18 минути, возачите на Ферари имаа најбрзи времиња, Ветел беше побрз од Раиконен за само 15 илјадити делови од секундата, а следуваа Мерцедес и потоа Ред Бул.

Гросжан надвор од квалификациите без поставено врееме уште пред да почне сесијата, а на средина од истата својот болид до ограда го допре и Маркус Ериксон, ја скрши предната суспензија и неговото време остана најбавно за старт од последниот ред.

Надвор по К1 уште Гасли, Строл и Сироткин. Французинот за само половина десетинка побавно време од Стофел Вандорн кој мина во К2. Ленс Строл беше половина секунда зад Торо Росо, а Сироткин десетинка зад него.

Возачите на топ 3 екипите се најдоа во К3 уште по првата серија кругови, но Ферари и Мерцедес ќе почнат со ултрасофт, додека Ред Бул ќе ја почне трката на најмекиот хиперсофт. Рикардо и Верстапен најбрзи во вторите 15 минути пред Валтери Ботас и Ветел, сите во помалку од десетинка.

К2 беше крај за возачите на Мекларен, Леклер, Хартли и Магнусен. Алонсо беше пред Вандорн само 9 илјадитинки и тие ќе стартуваат од 14то односно 15то место. Леклер 2 десетинки пред нив на 13то место. Брендон Хартли ги заврши квалификациите на 12то место со 3 стотинки заостаток во однос на Кевин Магнусен на кого Топ 10 му избега за големи 2 десетинки.

Мерцедес и Ферари излегоа први на патеката и по првата нивна серија, Ветел и Ботас беа на првите две места и единствени со круг под 1 минута и 11 секунди, следуваше Раиконен, а 4ти Хамилтон. Неколку минути подоцна круговите ги комплетираа и возачите на Мекларен, Верстапен успеа да го превземе 4то место на Хамилтон, додека Рикардо само 6ти.

Втората серија летечки кругови, Ветел го подобри своето време, Ботас остана на 2ро место, Верстапен од 4ти напредуваше едно место, Хамилтон исто така се подобри од 5то на 4то, Раиконен од 3то падна на 5то место, Рикардо остана 6ти.

Хулкенберг на своето 7мо место две позиции пред својот тимски колега кој беше 2 десетинки побавен. Форс Индија на 8мо и 10то место, Окон побрз дури 6 десетинки.


Канада, квалификации: Ветел пребрз за останатите

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>