И покрај болеста, Џовинаци уживал во тестот

93

И покрај болеста во текот на утрото, Антониот Џовинаци успеа да псотави второт време со Ферари и да извози огромен број кругови за италијанската екипа за време на вториот ден во Шпанија. Италијанецот имаше 135 кругови за во Вторник, на што додаде 148 кругови со Ферари во Среда.

Тестот беше првото официјално појавување во Формула 1 болид за Антониот оваа година, откако на петочната сесија во Абу Даби лани се појави во болидот на Хаас. Исто така, Џовинаци тестираше годинав за Ферари, но тоа беше тест за Пирели одработен во Фиорано.

Навстина уживав во енот затоа што последен пат официјално бев во болид во Абу Даби на Т1, таму може да направите само 10-тина кругови, така што ова беше одлично за мене.

Собравме доста пдатоци и навистина е добро што истите ќе може да се споредат со податоците од симулаторот. Денот беше одличен благодарение на екипат затоа што сработивме одличен тест заедно – смета италијанскиот резервист во Маранело.

И покрај болеста тој имаше најмногу комплетирани кругови од сите возачи кои се појавија на патеката.

Не бев добро утрото, но на крајот се се заврши добро и возев до самиот крај. Имав 137 кругови со заубер и 148 со Ферари така што беше многу важно да се заврши програмата и да се дадат сите податоци на екипата. Тоа беше моја главна задача.

Џовинаци нема возено на повеќе од 2 Гранд При трки така што тој вози под категоријата “млад возач“, а следното негово појавување на патеката ќе биде на Хунгароринг на вториот сезонски тест.


И покрај болеста, Џовинаци уживал во тестот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>