И Магнусен ќе се “плеснел“ како Гросжан

54

Кевин Магнусен откри дека ќе направел истра грешка како неговиот колега и за малку и неговиот болид ќе завршел во оградата кога се обидел да мине низ првиот свиок во Силверстон со користење на ДРС системот. Годинава беше додадена трета ДРС зона која го опфаќа стартниот правец заедно со Аби и Фарм, првите две кривини од кругот.

Гросжан го загуби задниот дел од болидот во својот втор летечки круг откако предоцна го деактивирал ДРС системот, болидот заврши во оградата и поради оштетувањата морало да биде променета целата шасија по што Роман ја пропушти втората петочна сесија.

Се обидов да минам еднаш со ДРС и за малку ќе завршев како Роман. Не е возможно за нас да го изведем тоа иако видов како Ред Бул минуваат на тој начин што е неверојатно затоа што ние не сме ни блиску до таква можност.

Можеби е возможно да минеме со ДРС низ втората кривина со празен резервоар, но не сум сигурен дека е тоа побрз начин затоа што со толку енергија претерано се загреваат гумите.

Ако имате потисна сила како Ред Бул, се изгледа многу цврсто, тие не додаваат многу енергија и притисок на пневматиците, што е нешто што мора да се земе во предвид – анализира данскиот возач.


И Магнусен ќе се “плеснел“ како Гросжан

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>