И ДРС под знак прашалник од 2021

247

Николас Томбазис, техничкиот шеф за отворени едноседи во ФИА, најави дека Федерацијата има намера да го ревидира ДРС системот кој го олеснува претекнувањето при формирање на правилата кои треба да важат по 2021 година.

Системот за намалување на драг или ДРС е дел од Формула 1 од 2011 година како мерка за зголемување на претекнувањето, но поради вештачката природа, во последно време е цел на критика од страна на фановите на тркачката серија.

И Техничкиот шеф на Формула 1, Рос Браун, неодамна најави дека сака серија без ДРС, но ФИА ќе го има последниот збор при носење на таква одлука.

Рос е во право кога вели дека има некоја неудобност со користење на ДРС и јас целосно се сложувам со него и го делам неговото мислење. Сметаме дека ДРС е исправна работа во моментов, но по 2021 година се надеваме дека болидите ќе може многу полесно да се следат и претекнвуаат.

Би било супер ако можеме да се ослободиме од ДРС системот во иднина, но се додека не дојдеме во позиција кога целосно ќе бидеме сигурни во тоа во однос на следењето на болидите и претекнувањето.

ДРС би го нарекол неопходно зло во моментов – смета Томбазис.


И ДРС под знак прашалник од 2021

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>