И во Канада 3 ДРС зони

69

Како во Мелбурн, така и на трката за Голема Награда на Канада викендов ќе содржи 3 ДРС зони. Пред почетокот на сезоната, официјалните лица одлучија дека трета ДРС зона ќе биде додаде на патеката Алберг Парк, тврдејќи дека тоа ќе го подобри претекнувањето.

За жал на крајот таа трка имаше само 5 претекнувања. Откако истото повторно стана главна тема на дискусија, Формула 1 најави дека ќе има дополнителни промени во правилата за наредната година.

Но откако некои од трките по Мелбурн беа целосно исполнети претекнувања, многумина сметаат дека спортот премногу брзо реагирал.

Во Монтреал викендов ќе видиме 3 ДРС зони, иако карактеристиките на патеката, како и временските услови, најчесто гарантираат возбудлива трка сами по себе.

Ќе бидат воведени 2 точки на детекција, првата по свиокот 5, а втората по свиокот 9. Претходно двете ДРС зони ја користеа точката на детекција по пред свиокот 9.

Првите две точки на активација ќе бидат како и во 2017 година, првата 55 метри по свиокот 12, а втората 70 метри по свиокот 14, додека третата ДРС зона ќе биде на задниот правец помеѓу свиоците 7 и 8.


И во Канада 3 ДРС зони

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>