Исола смета дека без модификациите би имале лотарија

154

Првиот човек на Пирели моторспорт, Марио Исола, смета дкеа Шпанското Гранд При би било полно со меури на пневматиците кај сите возачи, доколку италијанците не се решеле за модификацијата. За последната трка, Пирели се реши да го намали гумениот слој за 0,4 милиметри поради целосно новито асфалт поставен на патеката пред почетокот на тркачката сезона.

Новиот асфалт придонесе сите возачи да финишираат на трката со само едно застанувње во боксот, иако Себастијан Ветел се обиде со алтернативна стратегија поради која загуби 2 позиции.

Ако имате многу меури кои влијаат на најголем дел од болидите тогаш имате лотарија, а не трка. Тоа не е вистинскиот пристап и ние како единствен доставувачи на гуми мораме да дадеме исти производ кај сите кој е безбеден и соодветен на патеката.

Не мислам дека малата модификација на дебелината промени нешто во однос на балансот и перформансите на болидите. Компонентата е иста како за сите останати патеки, динствено се разликува дебелината на гумениот слој.

Тешко е да се објасни од техничка страна затоа што доколку суперсофт беше исклучена во текот на трката поради тоа што истата беше премногу мека, проблемот е во другата страна – смета Исола.

Уште еднаш Исола повторни дека модификацијата не им донела корист на “сребрените“ иако тие биле главни лобисти за истото по првиот предсезонски тренинг.

Никогаш не би направиле нешто такво. Работиме со топ производители, а нивниот број е поголем од само учесниците во Формула 1 и не гледам причина зошто би му дале предност на некого.


Исола смета дека без модификациите би имале лотарија

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>