Имињата на свиоците во Монако

212

Уличната патека во Монако е дом на некои од најпрепознатливите кривини во Формула 1 календарот. Но, како тие го добиле своето име?

Сант Девот (Sainte Devote) – првиот свиок е именуван по црква која се наоѓа веднаш зад бариерите на патеката, од надворешниот дел. Именуван е по Сент Девот, светец и маченик од 4от век, штитеник на Монако и Корзика.

Бо Риваж (Beau Rivage) – нагорнина која се минува под полн гас, а името буквално значи убав брег. Не дека некој од возачите гледа некаков убав брег при 250 кмч.

Масене (Massenet)  – брз лев свиок кој води до Касино плоштадот. Свиокот го добил името по Жул Масене, композитор на опери. Всушност, Операта во Монако се наоѓа од внатрешната страна на тој свиок, а има и статуа од самиот Масене.

Касино Плоштадот (Casino Square) – една од најпрепознатливите кривини чие име само се објаснува. Касиното е од левата страна. Интересно, жителите на Монако не смее да се коцкаат во истото, но меѓународните коцкари се добредојдени.

Мирабо (Mirabeau) – името го добил по хотел кој бил на тоа место, а во текот на времето тука имало интересни битки на патеката.

Херпин, шнола (The Hairpin) – најбавен свиок на Формула 1 календарот кој се минува со 49 кмч. Оригинално името го добил по станица која се наоѓала таму, но кога на тоа место бил изграден хотел, станицата била преименувана во Гранд Хотел.

Портие (Portier) – препознатлив по сударот на Аиртон Сена во оградата додека водеше на трката во 1988 година во момент кога беше речиси една минута пред тимскиот колега Алан Прост. Иако самиот збор значи пристаниште, името на свиокот нема врска со тоа, напротив, именуван е по делот од Монако во кој се наоѓа.

Табак (Tabac)  – доаѓа по тунелот и шиканата. Од почетоците на Монако ГП овој свиок е непроменет, а името го добил поради тоа што на тој агол имало продавница за цигари.

Базен (Swimming Pool) – болидите по Табак се движеа право, но на почетокот на 1970тите години, властите таму изградија градски базен. Поради базенот беа воведени две предизвикувачки кривини, од кои посебно тежок е влезот на првата.

Раскас (La Rascass) – местото каде Михаел Шумахер го запре својот болид во 2006 година и предизвика прекин на квалификациите. Името го добил по рибарски паб кој се наоѓал таму, а денеска има престижен ресторан.

Антони Ногс (Anthony Noghes) – идејата за градска трка низ тесните улици на Монако е идеја која во 1920тите години ја добил Антони Ногс. По него, последниот свиок на патеката го добил своето име.


Имињата на свиоците во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>