Изборот на Пирели за Сингапур

163

Доставувачот на пневматици во Формула 1, италијански Пирели, повторно се реши да не носи три последователни компоненти од својата гама и за следната градска трка која ќе се вози во Сингапур.

Во Кина италијанците ја скокнаа црвената суперсофт, а тоа им се допадна на возачите поради што се создадоа многу различни стратегии. Истото ќе се примени и во Германија и Унгарија, а согласно последната објава, така ќе биде и во Сингапур.

Хиперсофт компонентата која дебитираше во Монако, заедно со малку потврдата ултрасофт и жолтиот софт ќе бидат пневматиците со кои ќе се вози ноќната Формула 1 трка.

Вообичаено, возачите ќе имаат на располагање по 13 сетови гуми од кои слободно секој возач бира по 10.


Изборот на Пирели за Сингапур

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>