Зек Браун: Состојбата е неприфалтива за Мекларен

129

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, верува дека ситуацијата во моментов е целосно неприфатлива за компанијата. Ерик Буле поднесе оставка на челното место во тркачката екипа, Зек ја прифати неговата оставка, а следуваа и многу поместувања во во однос на персоналот во компанијата.

Осврнувајќи се на големите проблеми со кои се судираат, Браун смета дека заминувањето на МАртин Витмарш од чело на тимот, напуштањео на легендарниот Рон Денис на сопственичката структура како и многу кусиот престој на Јост Капито како Извршен директор во компанијата, го чинеле Мекларен премногу.

Јасно е дека нашите резултати гоинава демонстрираат дека имаме голем проблем со перформансите. Резултатите се многу под очекуваното со оглед на историјата, талентираните луѓе, ресурсите и технологијата која ја имаме на располагање. Тоа доаѓа како кулминација на дестабилизација на екипата во текот на неколку последни години.

Ако ги анализирате минатите 7-8 години, имавме различни Главни извршни директори, различни акционери, некои влегуваа некои излегуваа, директорите се менуваа. Сето тоа не донесе стабилизација со цел повторно да се изгради оваа голема екипа, нешто што ќе почнеме д аго правиме сега.

Сите ја делиме болката гледајќи толку успешна екипа како Мекларен во толку тешка ситуација како моменталнава. Болно е да се гледа ваков Мекларен – објасни Зек Браун.

Иако тимот до сега освои многу повеќе поени одошто цела ланска сезона, додадени се повеќе спонзори, Браун е свесен дека за враќање на врвот ќе треба многу повеќе време.

Се подобруваме, но сеуште не сме во доволно добра позиција за да очекуваме подобри перформанси. Најавуваме големи промени за да почнеме да се враќаме во ритам.

Знам дека на екипата и треба период на стабилизација и консолидација за да можеме да изградиме силни темели. Ситуацијата не беше создадена преку ноќ и поради тоа не може да биде поправена преку ноќ/ Денеска е прв чекор во враќање на победничките патеки.

Во моментов немаме точна одлука за тоа кој си оди, кој заминува и кој ќе го замени Ерик Булие. Ова е само почеток на процесот, се се ревидира и јас ќе се воздржам и нема да давам избрзани информации – заврши американецот.


Зек Браун: Состојбата е неприфалтива за Мекларен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>