Зек Браун: Свесен сум дека сме под притисок

73

Зек Браун е свесен дека Мекларен возат под очекувањата сезонава, но во исто време е убеден дека тимот има нагорен развоен тренг и дека во Формула 1 не постои успех преку ноќ.  Екипата од Вокинг е втора најтрофејна екипа зад Ферари, но имаа очајно лош период со Хонда од 2015 до 2017 година по што го променија доставувачот на мотори, но сепак нивната последна Гранд При победа е од 2012 година.

Далеку сме од перформансите на Ред Бул кои имаат ист мотор како нас, но знам дека тоа нема да се случи преку ноќ.

Новините од Шпанија се покажаа одлично, дефинитивно напредувавме, болидот одлично одговараше на тоа што го баравме од него, а на возачите многу им се допадна. Имавме добра корелација помеѓу патеката и она што го добивавме во тунелот и на компјутерот така што добивме одлична платформа за идна надогрдба – смета Зек.

Браун за прв пат во својата кариера се наоѓа во позиција да води некоја екипа, затоа што неговата специјалност е маркетингот и главно беше доведен во Вокинг за да го зголеми буџетот на тимот.

Во овој спорт има многу љубомора, а тоа го познавам особено сега кога сум главен во Мекларен. Нема да задоволувам никого и не сакам да им се допаднам на сите. Знам дека секогаш ќе постојат 10%, 15% или 20% луѓе кои не го сакаат Зек, но за иднината на Мекларен треба да се наместат коцките.

Знам дека во моментов сме под притисок. Ако постои некоја фрустрирачка работа кај нас тоа е што луѓето едноставно не разбираат колку долго време е потребно за да се вратиме на победничките патеки.

Во моменотв само ја наведнуваме главата и напорно работиме, фокусирани сме со јасна цел и насока – заврши Браун.


Зек Браун: Свесен сум дека сме под притисок

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>