Ериксон свесен дека треба да се подобри

22

Маркус Ериксон смета дека тој и Заубер треба повеќе да работат за да добие болид добар за квалификации и решавање со нестабилноста во задниот дел која смета дека ги кочи неговите перформанси. Швеѓанецот ги освои првите поени за текипата во Бахреин, а Леклер продолжи со низата во поени и на следните две трки.

Можеме да се бориме со сите околу нас, но мораме да бидеме подобри на квалификациите што е голем, голем проблем за мене што стартувам толку позади.

Морам да го подобрам задниот дел од болидот затоа што сум возач кој се потпира на задниот дел од болидот. Во Шпанија со корегирантие суперсофт кои се користеа, бев неконстантен. Мене ми треба стабилен болид за да добијам самодоверба и да извадам максимум.

Со полн резервоар и потврда компонента бев многу подобар, но со суперсофт се мачев. Мислам дека во периодот кој следа треба да се фокусираме на задниот дел на болидот кој сум сигурен дека мноуг ќе ми помогне.

Потоа е до мене да имам подобри перформанси во текто на еден круг затоа што на трка знам дека ги имам. Ова со цел редовно да стигнуваме до поени што ќе биде олеснето со старт погоре на гридот – смета Маркус.

Поените на Шарл Леклер во Шпанија значеа први две трки со поени за екипата од 2015 годиа.

Мислам дека секоја трка оваа сезона напредуваме, носиме новини и го подобруваме болидот, но и повеќе го разбираме. Мислам дека е јасно оти напредуваме и секоја трка се бориме за средината од поредокот.

Ситуацијата е навистина ветувачка, а планот е да продолжиме во исти ритам на секоја трка. Забавно е да се борите и да се тркате повторно затоа што минатите две години не бевме во состојба да го правиме тоа – заврши Ериксон.


Ериксон свесен дека треба да се подобри

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>