Ериксон свесен дека имаат потенцијал

51

Маркус Ериксон смета дека потенцијалот на Заубер Алфа Ромео е силно видлив, особено по 6то место на Шарл Леклер низ улиците на Баку. За разлика од Шарл, швеѓанецот имаше трка за заборав, беше казнет 10 секунди поради предизвикување судар со Маркус Ериксон на почетокот од трката, но сепак заврши на 11то место со само половина секунда од поени.

И покрај трката без поени, Маркус смета дека 11то место е добро ако се земе во предвид она што се случуваше во првиот круг,

Ова беше тешка трка за мене затоа што на почетокот бев вклучен во суадр и имав оштетување на болидот. Се мачев да одржам се воред по инцидентот и дадов се што можам за да ги стигнам моите конкуренти. На крајот успеав да дојдам до 11то место.

Како екипа, втор пат годинава освојуваме поени што е силно мотивирачки. Нашиот потенцијал станува се повидлив со секој изминат тркачки викенд. Мора да продолжиме со одличната работа и нетрпелив сум за следниот викенд во Барселона – објасни Ериксон.


Ериксон свесен дека имаат потенцијал

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>