Ериксон: Квалификациите се клучни за резултатот

34

Маркус Ериксон верува дека Заубер може да го подобри својот пласман на трките штом успее да ги подобри перформансите на Ц37 во текот на квалификациите. Благодарение на изданието на Шарл Леклер во Баку, швајцарците стигнаа до својот најдобар резултат од 2015 година.

Фредерик Васур откри дека на болидот му одговараат патеките со мала потисна сила, благодарение на силниот мотор со кој располагаат и предупреди дека во Барселона може да биде многу поинаку.

Маркус Ериксон смета дека Ц37 не работи одлично со најмеките компоненти на Пирели, слабост која мора да ја решат за да дојдат до подобри времиња на квалификациите.

Јасно е дека повеќе се мачиме во текот на еден круг одошто на трка затоа што не ги користиме доволно добро најмеките компоненти. Убеден сум дека ако дојдеме до подобра стартна позиција, подобро ќе се бориме на трка и ќе освојуваме повеќе поени. За мене тоа е главен приоритет во моментов, мора да најдеме перформаси во Сабота затоа што јасно ни е дека во Недела секогаш имаме добар болид за борба во средина од поредокот – анализира шведскиот возач на екипата.

Иако во Азербејџан беше во сенка на Леклер, тој смета дека резултатот на неговиот колега го потврдува потенцијалот на болидот со кој располагаат.

Ритамот на Шарл беше навистина силен споредено со оние околу него. Но, јасно е дека ви треба и добра стартна позиција и тоа мораме темелно да го анализираме и да работиме напорно за да се поправиме.


Ериксон: Квалификациите се клучни за резултатот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>