Ериксон бара начин да се подобри

41

Маркус Ериксон од Заубер изјави дека е потребно да се подобри откако на квалификациите за Големата награда на Канада имаше проблем што го пренесе и на трката.

Возачот на Алфа Ромео Заубер заврши во ѕид на квалификациите во Сабота на патеката Жил Вилнев и стартуваше од 18та позиција од каде не беше во можност да напредува повеќе од 15то место со два круга заостаток зад победникот Себастијан Ветел на Ферари.

Неговиот тимски колега Шарл Леклер заврши по трет пат во топ 10 во четирите последни трки. Ериксон е свесен дека треба да се поправи и ќе даде се од себе на наредните трки почнувајќи од Големата награда на Франција која годинава се враќа на календарот.

Тоа беше тешка трка за мене. Посебно во првата половина каде загубив доста време. Вториот дел од трката беше подобар и се обидував да не ги потрошам гумите пред време.

Резултатот е разочарувачки и мора да се поправам на квалификациите каде сеуште мислам дека има простор. Сигурен сум дека ќе бидам подобар на следните трки – појасни Ериксон.


Ериксон бара начин да се подобри

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>