Ентоан Хуберт под капата на Рено

49

ГП3 возачот Ентоан Хуберт стана дел од младинскиот погон на Рено Спорт. 21-годишниот возач заврши на 4то место во ланскиот ГП3 шампионат и ќе остане во истата серија и оваа година како возач на АРТ. Тој на својот болид, кацига и облека ќе го носи логото на Рено.

Да се биде дел од Рено е одлична можност за мене. Не само што тие се едни од водечките производители, но имаат и фантастична историја во Формула 1 и несомнено ќе имаат и поголем успех во иднина. Да се носи нивното лого и нивните бои ме прави горд, но до мене е да се искачам по скалата која тие ми ја нудат – појасни Хуберт.

Миа Шаризман, шефот на Академијата на Рено, откри дека го следеле развојот на Ентоан веќе некое време.

Го следиме од 2015 година кога се тркаше во Формула Рено Еурокуп. Одтогаш одлично се разви и имавме можност да го следиме одблиску лани во ГП3 серијата. Сезонава остана во истата серија и цели на титула.

Програмата на Рено има за цел да го идентификува младиот талент и да им даде платформа на младите возачи да станат дел од Рено.


Ентоан Хуберт под капата на Рено

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>