Дупната гума ја уништило трката на Вандорн

75

Лошата среќа на Стофел Вандорн во 2018 година продолжи и во Канада откако му се дупна гума во првиот круг и целосно му ја уништи трката. Тој налета на остатоци од сударот на Ленс Строл и Брендон Хартли на правецот помеѓу 5от и 6от свиок на патеката.

Потоа белгиецот имаше осамена трка и заврши на 16то место, само едно место пред последнопласираниот Вилијамс.

Навистина немавме среќа од почетокот на трката.

Имавме добар старт од гридот, но со сударот кој се случи имаше многу остатоци на 5та кривина и беше невозможно да ги избегнам сите.

Се дупна предната десна гума и едноставно снемавме гуми уште пред да почне трката така што денот беше претежок. Остаток отиде и под мојот болид така што бев принуден да одам во бокс уште по првиот круг и загубив доста време при средување. Пред трката вистински да започне, истата за мене заврши – откри Вандорн.


Дупната гума ја уништило трката на Вандорн

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>