Доколку ја завршел трката, Хартли ќе бил во поени

58

Брендон Хартли верува дека неговиот Торо Росо можел да освои поени доколку тој ја завршел трката во Австрија. Возачот од Нов Зеланд се откажа во 54от круг поради проблем во болидот.

Хонда одлучија да вградат нов агрегат во болидот на Хартли за трката, а со тоа следуваше и грид казна и старт од 19 позиција. Но, јапонците соопштија дека промената била од чисто тактичка природа и дека на моторот на новозеланѓанецот ништо не му фалело.

Тој успеа да се искачи до 11то место и на чекор до поените. Торо Росо тактички го оставија на патеката со суперсофт пневматции, но планот “падна во вода“ откако тој мораше да се откаже.

Формата беше многу добра и имав вистинска шанса за поени. Имавме долг стинт, планот беше да се стават ултрасофт на крајот и мислам дека ќе можевме да поминеме неколку болиди.

Сеуште не знаеме што се расипа, но не беше поврзано со Хонда, беше нешто во задниот дел од болидот. Немаше силен контакт со нешто, така што уште истражуваат – изјави Хартли.

По крајот на Австриското Гранд При, притисокот е се поголем. Заубер се на само 3 поени позади нив, додека Форс Индија избега за дополнителни 23 пред Торо Росо.


Доколку ја завршел трката, Хартли ќе бил во поени

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>