Денис презадоволен од можноста

111

22-годишниот британец, Џејк Денис, за прв пат се најде на патека во РБ14 болидот на Ред Бул откако минатите години безброј пати тестирал, но во симулаторот на екипата во Милтон Кинс. Тркачот од ГТ серијата доби шанса да го тестира болидот за време на вториот ден во Барселона.

Мојот прв ден со РБ14 мина навистина многу добро. Јасно е дека е многу поразлично од на што сум навикнат во ГТ серијата, но многу брзо се навикнав на брзината и грипот и успеавме да ја комплетиртаме целата програма. Утринската сесија мина без проблеми, а немавме мака нити попладнето при што комплетирав навистина доста кругови – изјави Денис.

Целта на времето во болидот кое го доби Денис е да се направи корисна корелација помеѓу податоците кои се добиени од симулаторот со реалните податоци на патеката.

Добро е за промена да може да се споредат податоци помеѓу симулаторот и реалниот живот. Имаме некои работи на кои треба да се осврнеме во Милтон Кинс за да им помогнеме на Макс и Даниел.

Се на се сум супер среќен и големо благодарам до екипата што ми даде ваква можност со надеж дека наскоро повторно ќе се вратам во РБ14 на патеката.


Денис презадоволен од можноста

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>