ГТ тркачот Џејк Денис ќе тестира за Ред Бул

40

Ред Бул објавија дека тркачот во ГТ серијата, Џејк Денис, ќе го тестира нивниот болид за време на првиот сезонски во Барселона. 22-годишниот британец ќе го има болидот за себе во Среда, на вториот ден од тестирањето, откако првиот ден со болидот ќе работи Макс Верстапен.

Претходното Формула 1 искуство на Денис е работа во симулаторот во Милтон Кинс.

Џејк е развоен возач на Астон Мартин Ред Бул Рејсинг. Минува долго време во базата во Милтон Кинс возејќи го симулаторот придонесувајќи за основниот развој на болидот како поддршка на тркачките активносто во однос на сетпаот. Тестот на Џејк со РБ14 ќе ни даде корисна корелација со неговата работа во симулаторот.

Двајцата возачи ќе имаат густ распоред на тестирањето со цел дополнително да го доразвиеме пакетот. Со непогодното време кое се најавува за патеката крај Барселона, распоредот на Макс и Џејк може да се промени со цел да се максимизира корисноста – гласи соопштението од Милтон Кинс.

Џејк Денис е добитник на престижната Мекларен Аутоспорт награда од Британскиот клуб на тркачки возачи, а има титула од Формула Рено 2.0 НЕЦ во 2012 година, достигнување кое го качи скалило погоре, во Формула 3/. Во 2015 година заврши на 3то место во Европската Формула 3 серија, а во 2016 година беше на 4то место во ГП3.

Продолжи да ја комбинира својата кариера со едноседите со спортски автомобили тркачки се во ГТ серијата поточно ендјуранс купот со Астон Мартин.


ГТ тркачот Џејк Денис ќе тестира за Ред Бул

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>