Гросжан удри мрмот на вториот тренинг

643

Роман Гросжан изјави дека неможел да стори ништо за да го избегне ударот на мрмот кој премина преку главниот правец на патеката Жил Вилнев кадешто возачите постигнуваат брзина од повеќе од 330 километри на час.

Мрмотите се честа појава на патеката, иако организаторите превземаат се што е можно за да им го спречат пристапот кон патеката со големи ѕидови и огради.

Гросжан, кој ја заврши сесијата на седмо место, преку тимското радио пренесе на екипата дека удрил “големо животно“ и како резултат неговото предно крило претрпе голема штета.

На крајот на сесијата, за жал, едно животно одлучи да помине преку правецот. Го следев советот на сите, не пробав да го свртам управувачот за да го избегнам, но за жал дојдовме до контакт. Беше при голема брзина. Неможев да сторам ништо за да го избегнам.

Денот беше прилично добар. Во Т1 собравме многу податоци околу новото подобрување, а потоа во Т2 болидот функционираше одлично. Ги пробавме сите три компоненти на пневматици, имаме уште работа, но резултатите се ветувачки. Новиот аеро пакет ми одговара многу.

Патеката е неверојатна. Навистина ми се допаѓа тука. Не е лесно да се најде балансот, а тркачката линија секогаш се менува. Грипот е се поголем како што изминува викендот, но навистина уживам да возам тука – изјави Гросжан.


Гросжан удри мрмот на вториот тренинг

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>