Гросжан се смее на својата лоша среќа

198

Роман Гросжан почна да се смее на својата лоша среќа оваа сезона откако неговите квалификаци на Жил Вилнев траеја само неколку секунди. Возачот на Хаас прв ја напушти гаражата, но од моторот на Ферари веднаш изби густ чад по што го запре болиот пред гаражите. Тимот откри дека се работи за проблем со моторот, а деталната истрага следува.

Тоа значи дека Роман Гросжан, кој во моментов е единствен без поени заедно со Сергеј Сироткин, повторно ќе има огромен проблем да дојде до топ 10.

Мојата лоша среќа е многу и за следната сезона, а може и за таа потоа. Јасно е дека оваа серија лоши резултати е премногу, но ние се смееме на тоа затоа што во овој момент тоа е единствено што можеме да го направиме – објасни французинот за Sky Sports F1.

Во Австралија поради грешка во боксот мораше да се откаже откако пред себе ги имаше само топ 3 екипите, во Бахреин отпаѓаа делови од неговиот болид, во Кина Безбедносното возило излезе во тотално погрешен момент за него, во Азербејџан се судри додека Безбедносното возилот беше на патеката, додека во Шпанија предизвика судар по стартот. Во Монако ВФ18 болидот беше целосно неконкурентен.

Тој смета дека неможноста да се квалификува бил врв во однос на малерите сезоната, но е презадоволен од новините кои тимот ги донел во Канада.

Позитивно е тоа што болидот е одличен со новините кои ги донесовме и имав одличен ритам низ тренинг сесиите. Знаев дека можам да бидам најдобар од останатите на денешните квалификации – констатираше Гросжан.


Гросжан се смее на својата лоша среќа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>