Гросжан презадоволен и горд на резултатот

86

Конечно финиш во поени за досега негов најдобар резултат со екипата на Хаас, Роман Гросжан призна дека е презадоволен што неговите “момци“ се горди на него.

Сезоната не беше лесна досега за французинот кој имаше неколку аматерски грешки, како судар за време на безбедносно возило во Баку и инциденти со другите возачи по стартот во Шпанија.

Н,о сето тоа е минато по успехот на Ред Бул Ринг каде што петтата стартна позиција ја претвори во пласман на четвртто место за Хаас.

Дефинитивно се чувствувам подобро одколку претходно. Одлично е, наша 50та Гранд При трка, финиш на 4то и 5то место, најдобар резултат за тимот досега. Имав многу критики насочени кон мене и екипата. Тука покажавме дека сеуште сме добри во тркањето. Очигледно се чувствувам подобро, среќен сум што имаме малку среќа, криво ми е за Луис, Валтери и Даниел, но тоа се места кои ги превзедовме.

Се враќам дома знаејќи дека моите момци се горди на мене, ме тера да викнам “ДА!“ – изјави Гросжан.

Иако Гросжан заврши на 4то место, најдобар резултат за него со Хаас, трката не беше воопшто лесна за него и екипата. Во првите неколку кругови изгуби позиции од Себастијан Ветел и Даниел Рикардо, кои пак беа желни да се вратат на челото по разочарувачките квалификации.

Не беше лесно во првиот круг бидејќи сите “големи момци“ ме претекнаа и навистина беа агресивни. Знаев дека Себ ќе се обиде на секој можен начин да ме претекне, а и Даниел исто така. Бев заглавен, се обидов да избегнам било каква неволја и знаев дека трката ќе биде долга.

Да бидам искрен, последните 20 кругови, ги чував задните пневматици мислејќи дека нема да издржат до крај. Беа многу оштетени и ги избегнував сите ивици.

Не сакате лоша среќа, да ви експлодира пневматик. Само ги чував, знаев дека разликата позади мене е голема, така што сакав да испорачам добар резултат за екипата.

Не може да го контролирате тоа. Што и да направите, може да се случи. Навистина е тешко и почнувате да губите грип и се грижите пневматиците да не се распаднат. Само се обидов да ги менаџирам колку можам.

Не беше забавно 55 кругови да возам со еден сет. Веќе беше доволно тешко, но успеавме. Има некои ситници кои можеше да ги завршиме подобро, но генерално 4то и 5то место е најважно – додаде Роман.


Гросжан презадоволен и горд на резултатот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>