Гросжан: Очилата со камера болат, но се кул идеја

275

Роман Гросжан изјави дека новите очила кои овозможуваат кадар од прво лице во кокпитот се болни за носење. Французинот е вториот возач кој ги проба во Канада, откако Пјер Гасли ги дебитираше во Монако.

Очилата можеби ги овозможуваат најуникатните кадри за спортските фанови, но возачот на Хаас вели дека носењето на истите е мошне болно.

Беше многу болно. Не ми се прилагодија во кацигата и едноставно може да ги користите само за инсталациски круг, но ја обожавам идејата и поради тоа се согласив.

Кога го гледате видеото, ја гледате брзината на болидот, управувањето, вибрациите, така што луѓето навистина може да искусат што правиме.

Модерните камери се толку добри и стабилни што не чувствувате дека има вибрации на патеката. Ќе разгледаме и други опции, како камера вградена на кацигата или слично – изјави Гросжан.


Гросжан: Очилата со камера болат, но се кул идеја

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>