Гросжан обвинува: Не ме сакаат затоа што сум французин

255

Роман Гросжан обвинува дека медиумите не му се наклонети, особено британските, само поради тоа што е французин, иако признава дека треба да ги подобри сопствените перформанси сезонава. Заедно со Сироткин, Роман е единствениот возач без поен по првите 5 трки од сезоната.

Што да кажам? Направив грешки, а грешки прават сите. Не сме роботи и сигурен сум дека и кога новинарите пишуваат некаква вест и тие грешат. Кога кочам зад Безбедносното возило гумите се блокираат затоа што се премногу ладни и тврди, тогаш сите кажуваат и обвинуваат многу брзо.

Им кажав на сите во тимот дека би го повторил истото затоа што не направив ништо лудо и неразумно. Условите беа такви, коцките се склопија, темепратурите паѓаат, гумите се ладни, ветерот е силен во задниот дел на болидот и тоа целосно го поремети балансот во задниот дел. Закочив, тркалата се блокираа и отидов право во ѕид.

Притискав цела трка, ризикував неколку пати, но немав проблем со тоа, а потоа зад Безбедносното возило, кога најмлаце очекував, се судрив, а тоа е грешка која никој не сака да ја направи од картинг до Формула 1. Луѓе сме и грешиме, браз разлика дали сте во првиот круг или зад Безбедносното возило, на крајот е исто – смета Гросжан.

Французинот смета дека медиумите неоправдано се остри кон него, особено британските, кои смета дека го напаѓаат само поради тоа што е французин.

Знам дека британскиот печат не ме сака многу, можеби затоа што сум французин, но искрен сум со нив секогаш и секогаш ја кажувам вистината. Не зборам глупости и не лажам како некои други, можеби тоа не е добро, но таков сум јас и преферирам да сум конкретен и искрен.


Гросжан обвинува: Не ме сакаат затоа што сум французин

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>