Гросжан: Нашите инженери се се подобри

32

Тимовите носат доста новини и подобрувања во Шпанија, така што е веројатно да видиме некои поместувања во поредокот. Роман Гросжан сака конечно да освои поени, особено по глупавиот судар кој го имаше во Баку.

Тестот по трката оваа година не е толку важен како лани затоа што имаме доволно податоци за секоја патека. Нашите инженери и механичари стануваат се подобри така не сметам дека треба да се враќаме во Барселона на ново тестирање – објасни французинот.

На автодромот крај Барселона има нов асфалт оваа година што значи дека пневматиците ќе се однесуваат поинаку од лани.

Задоволен сум од новиот слој асфалт затоа што ќе има повеќе грип и круговите ќе бидат побрзи. Прашањето останува како ќе се однесуваат пневматиците на топлото време, но тоа ќе го дознаеме викендов. Најголема разлика се првите две кривини затоа што таму ќе се минува многу побрзо.


Гросжан: Нашите инженери се се подобри

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>