Градоначалникот на Мајами: Како да организираме Супербол секоја година

175

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, смета дека организација на Формула 1 трка низ улиците на градот е како да организираат НФЛ Супербол секоја година.

Првиот чекор за Формула 1 во Мајами е направен, а тоа беше гласањето во Градскиот совет кое мина едногласно минатата недела. Целта е патеката да минува низ Бискејн Беј и Пристаништето, а трката да дебитира веќе следната сезона.

Мајами исто така е градот кој во 2020 година ќе го организира Супербол натпреварувањето, 4 месеци по евентуалната октомврска Гранд При трка.

Авторизацијата од Градската комисија како поддршка за мојата агенда да се започне со преговори со Формула 1 е огромен чекор. Тоа покажува дека има политичка поддршка во доаѓањето на најгледаната тркачка серија во Мајами.

Ние би биле 22ра трка на календарот, втора трка во САД и веројатно единствен град во светот кој има формула 1 трка и сите 5 професионални спортски американски лиги, така што проектот е голем.

Тоа е потврда за нашиот глобален град за кој се залагаме и ќе биде економски двигател. Јасно е дека ќе застанеме на картата на врвните тркачки градови.

Следниот чекор е да преговараме 10-годишен договор и да ја имаме Формула 1 овдека на долг рок. Економски гледано тоа би било како да имаме Супербол следните 10 години во Мајами – појасни Градоначалникот.


Градоначалникот на Мајами: Како да организираме Супербол секоја година

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>