Гасли: Хонда не се зезаат

255

Пјер Гасли потврди дека доколку перформансите од моторот на Хонда се согласно очекувањата на сите во екипата, Торо Росо ќе напредува за брзо време. Јапонците носат нова спецификација на претсојното Канадско Гранд При.

Ако напредокот од моторот е доволно голем, би требало да се придвижиме кон напред во поредокот. Навистина се надевам дека ќе го покажеме тоа, но од тоа што го видов последните три години како резервист на Ред Бул, едно се очекувањата, а друго е тоа што се случува на патеката.

Поради тоа не сакам да се возбудивма и сум претпазлив. Сакам да ги видам податоците и потоа ќе имаме јасен одговор. Досега Хонда беше зад конкуренцијата споредено со Рено, но се надевам дека ќе бидеме барем на исто рамниште со нив претстојниот викенд.

Во однос на посветеноста, Хонда се навистина импресивни, не се тука да се шалат затоа што останаа во спортот и покрај тоа што имаа стршно тежок период со Мекларен. Сакаат да покажат дека знаат како треба и имаат искуство да направат најдобар Формула 1 мотор.

Кога сакаат да направ нешто, даваат се од себе додека не го постигнат. Сум кажал и претходно од мојот Супер Формула период, тие се најпосветените луѓе со кои можете да работите – појасни Гасли за Autosport.


Гасли: Хонда не се зезаат

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>