Гасли со позитивно чувство пред Шпанија

36

Како и останатите возачи од падокот и Пјер Гасли е на познат терен во Барслона претстојниот викенд. Секако дека предноста за французинот ќе биде поголема затоа што на некои патеки од календарот се трка по прв пат.

Сум направил илјадници кругови низ Барселона затоа што тоа е патека на која секогаш тестираме и тоа во сите јуниотски серии пред Формула 1. Исто така, на симулаторот секогаш главен фокус се става на Барселона. Веројатно сум извозел должина колку неколку пати околу светот само по оваа патека.

Освен што одлично ја познавам, патеката ми носи радосни моменти затоа што таму ја освоив титулата во Рено 2,0, но и за прв пат возев Формула 1 болид Торо Росо во 2015 година.

Годинава зимскиот тест беше таму така што сум нетрпелив да почнеме да возиме и се надевам дека брзо ќе влеземе во ритам и ќе дојдеме до добри поени – појасни Гасли.

Пјер потенцираше дека е многу важно да се имаат добри перформанси во Сабота попладне, за време на квалификациите со цел да се има добра трка на патека каде претекнувањето е предизвик.

Квалификациите се клучни затоа што знаме дека е комплицирано да се претекне на трка, освен ако “играте“ со стратегијата. Квалификациите секогаш се тешки затоа што имате бројани обиди и не смеете да погрешите.

Ако дојдете до проблеми како на пример гужва на патеката тогаш имате максимум ушт една шанса да дојдете до добро време и станува возбудливо затоа што грешка не смее да се случи. Ми се допаѓа тој момент.

Благодарение на близината до Франција, 22-годишникот ќе има подршка од свои фанови викендот кој следи.

На трката ќе дојде моето семејство и пријателите и тоа ќе биде многу убаво. Тоа нема да ми го одвлекува вниманието бидејќи ќе бидам целосно концентриран, но убаво ќе биде да се ужива вечерта и да се вечера со пријателите. Дополнителната поддршка секогаш годи кога се тркаме во Европа.


Гасли со позитивно чувство пред Шпанија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>