Гасли не очекува лесен СТР13

51

Канадското Гранд При же биде прва трка во Монтреал за французинот Пјер Гасли, но тој е оптимист и очекува по трети пат сезонава да заврши во поени. Гасли заврши на одличното 7мо место во Монако, а беше една позиција подобар во Бахреин.

Никогаш во животот не сум бил во Канада, но сите ми кажуваат дека тамошната трка е една од најдобрите во сезоната поради одличната атмосфера и прекрасниот град. Нетрпелив сум да го искусам Монтреал за прв пат – најави Гасли.

Тој очекува СТР13 болидот од Фаенца да не биде лесен за возење по патеката Жил Вилнев поради тоа што болидите бараат помала потисна сила за да бидат брзи во текот на кругот, но и покрај тоа откри дека ќе напаѓа.

Патеката изгледа возбудливо со долги прави сектори и доста можности за претекнување. Се работи за сложена конфигурација, ѕидовите секогаш се доста блиску, а тука е и последниот “Ѕид на шампионите“.

На патеката ви треба малку потисна сила за да бидете брзи што значи дека болдот нема да биде лесен за управување дури и покрај тоа што нема многу кривини, патеката не е лесно, но сите ја сакат.

Секако дека јас го зборувам истиот јазик како и тамошното население така што луѓето лесно ќе ме разбираат – заврши Гасли.


Гасли не очекува лесен СТР13

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>