Гасли: Не знаеме што се случи со болидот

69

Брендон Хартли имаше огромен судар на последната тренинг сесија во Британија во пресрет на квалификациите кога се скрши суспензијата во предниот дел при огромна брзина, а само што го затвори својот ДРС. Болдиот се изврте и заврши во оградата при огромна брзина.

Новозеланѓанецот не е повреден и доби дозвола да се појави на квалификациите, а неговиот тимски колега Пјер Гасли остана во гаражата до крајот на сесијата, изјавувајќи дека не знаат што се случило со болидот на Хартли.

Брендон имаше огромен судар и во моментов не може да разбереме што точно се случи со неговиот болид. Изгледа дека суспензијата се скрши, така што екиапта сакашт се повторно да проверу за да сме сигурни пред да ме пуштат мене на патеката.

Засега имаме тежок викенд, иавме проблеми со моторот на втората вчерашна сесија и не возев многу, а утрово имав само еден круг, така што не можам да кажам дека сме во добра позиција.

Зборував со Брендон и тој е во шок поради тоа што никој не очекува да му се случи нешто такво на кочење, да загуби цело тркало, но тој е во ред и нема никакви повреди што е најважно – појасни французинот за Sky Sports.


Гасли: Не знаеме што се случи со болидот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>