Гасли казнет, Перез во поени место него

89

Возачот на Торо Росо, Пјер Гасли, доби временска казна од 5 секунди поради сударот со Серхио Перез од Форс Индија во борба за последниот поен на трката. Контактот помеѓу двајцата се случи на Вејл шиканата.

Французинот се обидуваше да го мине Чеко, стјуардите оценија дека има доволно место за двајцата да минат низ кривината, но Гасли се одби од тротоарот и иницираше контакт со болидот на Форс Индија. Стјуардите оценија дека Гасли е целосно виновен за инцидентот по што му доделија казна од 5 секунди што значеше дека наместо на 10то, трката официјално ја завршува на 13то место. Серхио Перез го наследува 10то место и поенот од него, по што Форс Индија има двоен финиш во поени покрај 7то место на Естебан Окон.

Дополнително, Пјер доби и два казнени поени на својата суперлиценца како дел од казната што значи дека има вкупно 4 во последните 12 месеци.

Со овој поен, Форс Индија го превзема 6то место кај конструкторите со поен предност во однос на Мекларен


Гасли казнет, Перез во поени место него

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>