Во Мекларен гледаат светла иднина пред Ред Бул и Хонда

216

Откако ја прекинаа соработката со Хонда по три тотално неуспешни години, Зек Браун и Фернандо Алонсо се задоволни за својот поранешен партнер. Хонда склучи договор со Ред Бул за 2019 и 2020 година што по Мекларен, во Сакура повторно ќе може да соработуваат со голема Формула 1 екипа.

Зек Браун кој лани ја поддржа одлуката да се напушти Хонда, признава дека нивниот поранешен партнер направил голем напредок во однос на лани.

Јасно е дека Хонда многу напредуваше годинава и многу научи изминатите три години додека беше со нас. Тоа е фантастична компанија и јасно е дека ќе напредуваат – смета Браун.

Нандо лани неколку пати велеше дека Хонда има ГП2 мотор, но сега смета дека Ред Бул ќе бидат силни и со моторот на Хонда, главно поради нивната одлична шасија.

Тие се секогаш репер за добра шасија без оглед дали возат со мотор на Рено или на Хонда. Мислам дека моторот нема многу да промени кај нив – изјави Алонсо за шпанска Marca.

Сепак, најчуден коментар дојде од Директорот за трка во Вокинг, Ерик Булие, кој направи проценка за тоа што е потребно за да се стигне до титула.

Ред Бул покажува дека може да се победува на трки како муштерија, но сметам дека освојување на титула е нешто што е загарантирано само зафабричките екипи.


Во Мекларен гледаат светла иднина пред Ред Бул и Хонда

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>