Волф чека на Порше од 2021

427

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека би сакал да ги види Порше како дел од Формула 1 со свој фабрички тим од 2021 година. Последниот пат кога германскиот производител на автомобили од Штутгарт беше инволвиран во тркачката серија беше во 1991 година кога ги снабдуваа со мотори Футворк. Во последно време, претставници на компанијата земаат активно учество на отворените состаноци во врска со кроењето на правилата по 2020 година.

Од Порше нема никаква официјална изјава во врска со нивните идни планови, но сепак, тоа не ги спречи медиумите да шпекулираат дека Вилијамс или Ред Бул може да бидат нивни партнери во спортот.

Колку повеќе добиваме можност да се бориме, толку повеќе уживаме. Претпоставувам дека Порше се заинтересирани за Формула 1 и ја разгледуваат таа опција, но засега нема ништо конкретно. Седат на масата каде се одат разговорите и собираат информации – објасни Тото Волф.

Секако дека одлуката на Порше ќе се базира на деталите односно плановите на Либерти за иднината на тркачката серија, а новите правила треба наскоро да бидат финализирани.

Новите правила не се целосно дефинирани, но верувам дека состанокот на Стратегиската група следната недела ќе дознаеме повеќе. Сеуште не е договорено во однос на она што беше ставено како предлог на маса од ФИА минатите состаноци и тоа што го бараа производителите, така што дускусии, договори и преговори ни престојат – појасни австриецот.

Секако дека “сребрените“ ќе се борат со цела сила да имаат правила во своја корист со цел да ја задржат предноста која ја имаат од стартот на турбо хибридната ера, предност кој годинава ја немаат.

За нас е клучно да се задржи врвниот технолошки момент во однос на ефикасноста. Ефикасноста е еднаква на перформансите и е важно кога целиот свет се движи кон зелена енергија.

Не смееме поради некаква историска носталгија да се вратиме 20 години наназад. Тоа е нешто што не го сакаме со оглед на технолошкото ниво кое го имаме постигнато.

Важно е да напредуваме и да размислуваме, а не да стандардизираме делови.


Волф чека на Порше од 2021

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>