Волф: Треба да се разбудиме

371

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, вели дека екипата треба да се разбуди по поразот од Ферари во Канада, што е последица на викендот полн со грешки од нивна страна. Ветел доминираше во текот на целата трка, а со победата се врати на прво место во возачкиот поредок. Сепак, тоа што го болеше Тото е фактот што “сребрените“ загубија на патека која им одговара и на која се очекуваше да доминираат.

Нема ништо позитивно и ова е “тапа“ резултат за нас. Морам да кажам вака, требаше да биде силна патека и трка за нас, но цел викенд правиме мали грешки, од самиот почеток и проади тоа губиме. Едиснтвено нешто што можам да кажам во моментов е дека мораме да се разбудиме.

Потфрливме во секој аспект. Се тркавме на патека на која требаше да освоиме максимални поени, а не да спасуваме “жива глава“. Последици за вакво лошо издание мора да има, но тоа е наша интерна работа – луто најави Волф.

Викендот на Мерцедес беше загрозен уште при самиот почеток кога се дозна дека последната спецификација на мотор нема да биде достапна, а конфигурацијата на Жил Вилнев бара моќен мотор поради долгите правци. Исто така “сребрените“ промашија и со гумие поради фактот што земаа речиси двојно хиперсофт помалку одошто конкурентите.

На трката Хамилтон имаше проблем со ладењето на моторот по што мораше многу рано да влезе во бокс за да се направат проблеми и да се отстрани или ублажи проблемот со ладењето.

Неизвршниот претседател на Мерцедес, Ники Лауда, за Sky изјави дека тие треба да учат од работата што ја заврши Ферари со цел да му овозможи на Ветел да доминира.

Најпрво ние не можевме да го користиме нашиот нов мотор што е дел од проблемот, но мораме да кажеме дека како пакет, Ферари е неверојатен. Нивниот болид е фантастичен, а моторот неверојатен дури и во однос на потрошувачката на гориво. Мораме напорно да работиме, изненадување се и Ред Бул, но на крајот завршија зад нас.


Волф: Треба да се разбудиме

4 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

    • Valdet Ademi
      Valdet Ademi

      Aleksandar koj Sto saka neka reCe, ama u Mercedes i u Red Bull timski naredbi ima otkako edniot Sofer kje nema ni teoretski Sansi za titula! Za razlika od Ferrari kade Sto sezonata uSte nepoCnata, a vekje imaat Sofer broj 1! Duri i testiraat delovi vo bolidot na Raikkonen se so cel Vettel da ne trpi nikakva moZna zaguba! OtsekogaS taka bilo kaj pizza-mejkerite! 😉

  • Ivicalucky
    Остави коментар

    Не мислам многу си досаден со коментариве тапа си како прво ферари да не му рекоа на рајконен слушај направи грешка на клафикации мислам што е бе човеку оваа година ферари се цела класа пред мерцедес само што вашите глави не можат да го сватат тоа и не сака никој да признае од сите што навиваат за мерцедес поготово валдет адеми