Волф тврди: Луис има 5 добри години пред себе

183

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, тврди дека неговиот возач Луис Хамилтон има 5 одлични Формула 1 сезони пред себе. 33-годишниот ја освои пол позицијата на квалификациите.

Четирикратниот прва се очекува во најскоро време да потпише нов двегодишен договор со Мерцедес, но сеуште ништо не е официјалнизирано. Но, австриецот очекува Хам да вози и по 2020 година бркајќи дополнителни рекорди во спортот.

По мене, тој има 33 години сега и мислам дека има уште 5 одлични Формула 1 сезони во себе. Јас сум отворен за соработка, за две години ќе се чувствуваме исто еден за друг, ќе имаме поголема доверба и мислам дека ќе биде јасно дека ќе продолжиме по ист пат – истакна Тото за австриеките медиуми од Силверсто.

Но, во Мерцедес во моментов нема возач под договот за 2019 година, иако “сребрените“ често изјавуваат дека сакаат да продолжат со истиот тандем догодина. Во првиот дел од сезоната од Бракли тврдеа дека се сконцентрирани да го стигнат Ферари и не мислат на ништо друго.


Волф тврди: Луис има 5 добри години пред себе

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>