Волф смета дека Ферари ќе биле брутални со тимски наредби

508

Ферари ќе биле “брутални“ доколку ги заменија местата на Кими Раиконен и Себастијан Ветел преку тимска наредба на Австриското Гранд При, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. 

Ветел го превзеде водството во генералниот пласман од Луис Хамилтон со 1 поен преку пласман на трето место позади Кими Раиконен. Иако во еден момент, по стартот на трката, беше и на ниското осмо место, Ветел сепак се врати кон челните позиции и го стигнуваше Раиконен во последниот дел од трката, кој пак самиот го бркаше Макс Верстапен

Ферари не се решија да побараат од Кими да му ја предаде позицијата на Ветел за дополнителни 3 поени, иако финецот реално е надвор од конкуренција за титула, одлука која што Тото Волф ја поздравува.

Ние немаше да го направиме тоа и не сум изненаден што и тие не го сторија. Мислам дека за доброто на спортот, за фановите и возачите, во овој период од годината, размена на позиции е брутална одлука – вели Волф.

Ветел се доближи до 1,6 секунди позади Раиконен, но појасни дека во ниту еден момент не очекувал тимска наредба.

Не, зошто? Кими направи се за да го стигне Верстапен. Јас се обидов да ги стигнам двајцата. Кими возеше агресивно постојано. И двајцата го стигавме Макс, но не беше доволно – вели Ветел.

Втората позиција на Раиконен го искачи на трето место во генералниот пласман, но сепак 45 поени позади Ветел, а во исто време се очекува да го загуби своето место од Шарл Леклер наредната година. Запрашан дали му олеснало на Волф што Ферари не се одлучиле на тимски наредби, Тото го истакна следното:

Нема од што да ни олесни по ваква трка. Целата беше болна за нас – додаде Волф.

Двојниот подиум на Ферари им овозможи предност од 10 поени во генералниот пласман кај конструкторите пред Мерцедес, чиј што втор возач сега падна на шесто место во поредокот. Ботас заостанува 53 поени позади Хамилтон.


Волф смета дека Ферари ќе биле брутални со тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>