Волф сигурен во иднината на Мерцедес

98

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека Гранд При тркањето е добар бизнис за Мерцедес и покрај тоа што се загриени за иднината на спортот, остануваат посветени на најпрестижната тркачка серија во светот.

Формула 1 е дел од нашиот основен бизнис. Првиот Мерцедес беше тркачки автомобил, Формула 1 не е само маркетинг платформа за нас затоа што имаме директен трансфер на технологија од таа серија. Дополнително додаваме вредност во облик на спортскиот карактер на нашиот бренд и поради тоа сакаме да останеме во серијата затоа што тоа е единствена важна глобална платформа за нас – објасни Волф.

Паралелно со Формула 1, “сребрените“ ќе се тркаат и во Формула Е од следната сезона, а Тото инсиспира дека електричната серија не е само замена на Формула 1.

Јасно е дека Формула 1 е врвна тркачка класа, но електрификацијата се случува и е одлична порака која може да ја испрати секоја бренд. Пред три години јас не би и дал на Формула Е никаква шанса, но светот се менува, а таа серија е насочена кон младата урбана група.

За нас Формула Е е како некој почетен бизнис за кои сме заинтересирани, но само како дополна на Формула 1 и ништо повеќе – заврши австриецот.


Волф сигурен во иднината на Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>