Волф: Мерцедес се врати

206

Шефот на Мерцедес, Тото Волф верува дека нивниот тим се вратил “во игра“ со 1-2 победата за Големата награда на Шпанија. Луис Хамилтон води со 17 поени предност пред Себастијан Ветел од Ферари, додека неговиот колега Ботас заврши втор пред Макс Верстапен и со тоа го превзема 3то место во генералниот поредок од Кими Раиконен.

Не беше многу удобро но имавме добра трка. Петокот и Саботата беа тешки, а денес со Валтери претеравме со гумите. Имавме и траги од нагло сопирање што ни предизвика вибрации, но бевме добри.

Сепак, Луис напред беше одличен. Имаше добра позиција што беше пресудно. Кога Луис беше зад Макс тој имаше понови гуми и не беше едноставно да го помине.

Предната лева гума на Себастијан беше оштетена и мораше да влезе во бокс поради што бевме загрижени, но сепак го задржавме Луис надвор. Секогаш сум загрижен. Тука бевме добри во текот на зимските тестирања и потоа отидовме во Австралија што требаше да биде лесна победа за Мерцедес, но имавме тешки трки. Мислам дека бевме добри денеска и треба да останеме скромни и мирни – објасни Волф.


Волф: Мерцедес се врати

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>