Волф контра Марко за модифицираните гуми

178

Хелмут Марко останува убеден дека модифицираните гуми на Пирели кои се користеа во Шпанија беа со цел да се помогне на Мерцедес, но Тото Волф смета дека неговиот сонародник “лае на погрешно дрво“.

За да го спречи ризикот од појавување на меури, Пирели го намали гумениот слој на пневматиците за 0,4 милиметри. Истите гуми ќе бидат во оптек и во Силверстон и Пол Рикар, патеките каде е поставен нов асфалт во пресрет на сезоната.

Со “новите“ гуми, Мерцедес стигна до 1-2 победа, а Ферари не беше на ниво од претходните трки.

Не треба да сте гениј за да сватите дек гумите станвуаат потврди ако одземете 0,4 милиметри гумен слој од нив. На ој начин другите станаа подобри од нас – смета Ветел во својата изјава за Bild.

Кога сте екипа и производител во исто време можете да барате такви работи. Ние произведуваме енергетски пијалоци и секако не можеме да влијаеме исто како некој производител на патнички автомобили кој е голем клиент на Пирел – дополни доктор Хелмут Марко.

Тото Волф се разбира дека не е задоволен од ваквите изјави и негира било каква спрега помеѓу германскиот автомобилски гигант и италијанскиот доставувач на гуми.

Не е прв пат докгорот да гледа духови. Имаше меури на гумите за време на зимските тестови дури и кај Ред Бул. Задните гуми изгледаа како вулкански предел и поради тоа Пирел иги подобри, најмногу поради тоа што такви гуми се лоши за нивниот бизнис.

Изгледа “слабачки“ после лош викенд за се жалите и да барате вина на друго место. Најпрво гледајте си ги Вашите проблеми – заклучи Волф.


Волф контра Марко за модифицираните гуми

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Valdet Ademi
    Valdet Ademi
    Остави коментар

    Ako ste proizvoditel na pijaloci, a ne na avtomobili – drZete se za pijaloci, a ne se pikajte vo trki! Mnogu jasni bea i od Pirelli deka bez modificirani gumi kje se pojavea meuri kako na zimskite testiranja i trkata kje beSe lotarija, A F1 ne smee da ostavi na sluCajot…! Na krajot na kraiStata site timovi se soglasile – kraj na prikaznata!

    • Slobodan Georgiev
      Slobodan Georgiev

      Па зарем веруваш во тоа,гумите можеа да се променат неколку круга пред да се појават”меури” и готово значи евентуално ке имавме уште едно влегување во бокс повеке ништо друго