Волф бара подобри стартови, не стратегија

272

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, ги посочи стартовите на трка како најголема слабост на екипата, на средина од оваа сезона.

Луис Хамилтон кој стартуваше од пол позиција, го изгуби водството по самиот старт на Британското Гранд При, што пак доведе и до контактот со Кими Раиконен.

Мора да најдеме дополнителни перформанси во стартовите за да избегнеме такви инциденти. Треба да анализираме каде може да се подобриме. Ќе работиме многу на тоа со цел да ја разбереме ситуацијата.

Точно знаеме дека ако се квалификуваме на пол позиција и имаме добар старт како болидите на Ферари, дека тоа треба да го направиме во Хокенхајм. На Силверстон имавме пролизгување на тркалата. Имавме помалку грип од очекуваното.

Сме вежбале стартови, но поради некоја причина не го имавме резултатот кој го очекувавме. Моментот кога ќе имате пролизгување, губите тракција, а со тоа и места – изјави Ендру Шовлин, главниот инженер за трки при Мерцедес.

Волф вели дека подобрувањето на стартовите е најважно нешто, наместо тркачката стратегија. Тимот беше жестоко критикуван што не го повикаа Хамилтон во бокс при виртуелното безбедносно возило во Австрија. Одлуката го чинеше победа, а главниот стратег, Џејмс Вауелс, се извини преку тимското радио.

Тимот повторно беше критикуван и во Британија откако одлучија да не ги внесат Хамилтон и Ботас при безбедносното возило. Кога се случи рестартот, Ботас го изгуби водството и падна на 4то место, додека Хамилтон ја задржи својата втора позиција позади Ветел. Но наместо да се извини за одлуката, Волф застана во одбрана на истата.

Мислам дека стратегијата беше прилично добра. Одлучивме да ги зачуваме позициите на патеката. Беше правилна одлука според мене и немаше да победиме доколку се одлучевме за друга опција. Немам проблем со тоа.

Дефинитивно правила одлука. Имаше уште 15 или 16 кругови до крајот, со медиум пневматици кои траат. Зачувување на позицијата на патеката беше причина за нашата одлука.

Мислам дека обете стратегии беа валидни. Но спротивното од Ферари е насоката која ја избравме, а на крајот тоа ни донесе 2ро и 4то место.

Земајќи во предвид како започна трката, мора да го прифатиме резултатот како прифатлив со што помала штета. Сакаме да бидеме агресивни. Очигледно другите беа поагресивни. Но на крајот важно е да се тркаме на фер начин и да го имаме најдобриот болид. Тоа е во наши раце и ќе се обидеме да се подобриме – изјави Волф.

Откако беа доминантни во претходните сезони, годинава се покажува како потешка во битката на врвот помеѓу Мерцедес и Ферари. Волф признава дека нема да има голема промена во вториот дел која би ги одделила од ривалите како во 2017 година.

Тоа што го гледаме оваа сезона се повеќе различни шеми. Секој носи подобрување на секоја трка, а никогаш нема подобрување кое ќе ви донесе 3 или 4 десетинки, што беше разликата помеѓу нас и Ферари минатата година.

Постојано учиме за пневматиците кои се главниот показател за перформансите. Некогаш сте во право, некогаш не. Посакувам да создадевме разлика во Австрија, Монтреал и Силверстон, бидејќи ќе изгубиме во Унгарија, а потоа и во Сингапур.

Но ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе освоиме колку што е можно повеќе поени – додаде Волф.


Волф бара подобри стартови, не стратегија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>