Возачите на Рено не ги почувствувале модовите

70

Возачите со мотор на Рено не почуствувале разлика од користење на новите квалификациски модови последната спецификација на мотор од Вири за време на квалификациите во Австрија. Модовите за прв пат биле тестирани минатата недела во Франција, а Сирил Абитебул откри дека ќе може премиерно да се користат од Спилберг, најавувајќи ги како голема и одлична новина која ќе ги подобри квалификациските перформанси.

Не забележав никакви дополнителни перформанси на квалификациите. Нешто значително треба да се случи за да биде забележливо. Навистина не знам што ви е кажано и на што целите, но јас разлика не забележав. Голема разлика нема, тоа со сигурност го тврдам – појасни Хулкенберг по крајот на квалификациите.

Како и сите и јас ги користев квалификациските модови. Штом стигнете до квалификациите имате дополнителни перформанси на располагање, но бевме многу далеку од Хаас за да почувствуваме некакви големи придобивки – дополи Саинз.

Ред Бул од своја страна беа 7 десетинки зад Мерцедес и покрај тоа што се работи за круг од 63 секунди, а Даниел Рикардо дури беше победен од Роман Гросжан за 6то место.


Возачите на Рено не ги почувствувале модовите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>