Возачите на Ред Бул се согласија за “некој милиметар повеќе“

297

Откако Ред Бул им стави до знаење на своите возачи дека може слободно да се тркаат во Шпанија, Макс Верстапен откри дека ќе си даваат неколку милиметри повеќе простор со Даниел Рикардо во текот на трките.

Макс и Дани цела трка низ Баку се бореа за позиција и имаа судар на 10-тина кругови пред крајот на трката додека се тркаа за 4то место. Од тимот не окривија никого, само побараа од возачите да се извинат до сите во екипата.

Во Ред Бул нема тимски наредби, така е од секогаш и поради тоа ми се допаѓа оваа екипа. Ќе продолжиме да се тркаме, но ќе си оставаме повеќе простор, веројатно ќе има повеќе милиметри помеѓу нас – објасни Верстапен.

Прво нешто што го кажав по трката е дека сеуште сакам да продолжиме да се тркаме. Продолжуваме да се тркаме, но многу почисто и со многу поголема почит меѓу нас – дополни Рикардо.


Возачите на Ред Бул се согласија за “некој милиметар повеќе“

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>