172

Да се биде висок е хендикеп во Формула 1 поради потешкотиите за влегување и излегување од болидот и симулаторот и поради тоа французинот Естебан Окон е благодарен за новото правило за минимална тежина од следната година.

Правилото ќе значи дека секој возач ќе мора да има минимална тежина, што е предност за повисоките, затоа што досега тие имаа хендикеп како потешки луѓе.

Тоа е добро, јас сум највисок возач, но не сум најтежок. Имам некоја “луфта“ до најдолемата тежина и ќе биде добро да ставам маса на мене.

Тоа што сум висок беше многу поголем проблем во Формула Рено и во ГП2 серијата. Поради тоа заминав во ДТМ затоа што болидите беа премали и воопшто не се чувствував добро. Возилото на Мерцедес во ДТМ исто така не беше многу комотно за мене, но се снајдов.

Во симулаторот направивме некои прилагодувања за можам полесно да влезам, но секогаш е тешко за мене да најдам добро место во било кој тркачки болид – појасни Естебан.


Високиот Окон задоволен од правилото за минимална тежина

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>